Најбесмислените митови за бремените жени

Од:

Со сите сте ја поделиле пресреќната вест дека сте бремени, а семејството, пријателите па дури и непознати луѓе ве бомбардираат со народни мудрости за блажената состојба. Не се возбудувајте! Поголем број од тие приказни иако знаат да бидат забавни, не се воопшто вистински.

Пикантната храна ќе ве излаже!

Пикантна храна може да го предизвика породувањето. – Во поголем број случаи бремените жени можат да јадат речиси се, но постои одредена храна на која ги предупредуваме да припазат или да ја избегнуваат како што е мекото или непастеризираното сирење. Тие намирници иако ретко сепак можат да ја содржат бактерија листерија која се поврзува со пометнување и предвремено породување, истакнува др. Џоан Стоун и др. Кети Едлман од Одделот за перинатална медицина на њујоршкиот Медицински центар The Mount Sinainisu и автори на книгата „Pregancy for Dummies“.

Заблуда околу срцевите отчукувања

Ако отчукувањата на срцето се ниски – носите машко, а ако се високи – носите девојче.

Никогаш доволно внимателност

Доколу бремената жена ги крене рацете над главата ќе го задуши детето!

Сексуално суеверие

Страстното водење љубов предизвикува породување. – Сексот нема да предизвика породување. Ние им советуваме на луѓето да го практикуваат, вели др. Стоун.

Старите претпоставки за киселините

Доколку бремената жена има киселини, детето ќе има многу коса

Лагата за јачменот

Оној кој на бремената жена нема да и ја даде храната што ја сака ќе добие јачмен.

Чувај се од грдотија

Доколку бремената жена види нешто грдо или страшно и бебето ќе биде грдо. – Тоа е двојна лага, како прво за тоа не постои никаков научен доказ, а како второ не постои нешто што може да се нарече грдо бебе, вели др Едлман.

За кафето и желбите

Доколку детето е родено со дамки во боја на бело кафе, мајката пиела многу кафе или во текот на бременоста не ја исполнила секоја желба.

Убавината се пренесува

Доколку лицето на бремената жена е исфрлано носи девојче, кое ќе и ја украде целата убавина. – Тоа е шовинистичка претпоставка, што значи тоа дека девојчето ќе ја украде убавината на мајката? Во секој случај тоа не е вистина, тоа е смешно, вели др. Стоун.

Горе – доле

Жената, која високо го носи бебето ќе има девојче, жената која го носи ниско ќе има момче. „Тое е мошне чест мит, но не е вистина, вели др. Едлман.

– Во текот на бременоста најдобра стратегија е советите на пријателите и роднините да ги прифаќате со внимателност, истакна др. Едлман и додаде дека советите кои ги дава лекарот треба навистина да се почитуваат.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ