Најавен анимиран филм за ПЕЗ фигурите

Од:

По „Лего филмот“, уште една омилена детска играчка од 80-тите години на минатиот век ќе добие свое место на филмскиот екран.

Станува збор за бонбоните ПЕЗ, поточно за фигурите на кутивчињата во кои се чуваат овие бонбони и кои во изминативе години се појавува со „глави“ на разни познати анимирани ликови.

Компанијата ПЕЗ и „Енвизио Медија Артс“ објавија дека се здужиле со цел да направат анимиран филм во кој главни јунаци ќе бидат веселите шарени ПЕЗ фигури, популарни во целиот свет.

Овие бонбони поттекнуваат од Австрија. Нив ги измислил Оскар Укса како бонбони од пеперминт во метална кутија, а првпат се појавиле на пазарот во Виена во 1927 година. Со години тие се продавале само во Австрија, но кога производот бил претставен на американскиот пазар, започнал подемот на ПЕЗ бонбоните какви што ги знаеме денес.

Во 1955 година фабриката ПЕЗ првпат ставила глави на пластични фигури на кутиите со бонбони и им ги понудила на децата. Меѓу првите ликови на кутиите биле оние на Дедо Мраз и Мики Маус.

Би можело да ве интересира

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Ана Ололовска

Македонскиот студент Виктор Ивановски дел од тимот кој ја освои престижната „ANNIE“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Ана Ололовска

Високи оценки за „Светот на Биби“ на Саем на цртани филмови во Тулуз

Ана Ололовска

Пајо Паторот денеска полни 85 години

Ана Ололовска

Најавено претпродолжение на „Сунѓерот Боб“

Ана Ололовска