Пајо Паторот денеска полни 85 години

Од:

Пајо Паторот, белата патка облечена во сино морнарско одело со сина капа веќе 85 години претставува еден од најпознатите јунаци на Волт Дизни.

Доналд Дак, е изворното името на тој цртан јунак и запрвпат се појавува во еден од краткометражните филмови од серијата „Silly Simphonies“, но главната улога добива три години подоцна.

Една од главните причини за неговото појавување е тоа што на Мики Маус му опаѓа популарноста.

Волт Дизни одлучува да вметне лик кој по темпераментот ќе биде различен од Мики.

Со Мики за првпат се појавува во цртениот филм Orphan’s benefit во август 1934 година и по добрата реакција од публиката, станува постојан член на дружината на јунаците на Дизни – Мики, Мини, Шиљо и Плутон.

Во Дизниленд воп Шангај од 3 до 9 јуни посетителите може да видат посебна програма во чест на 85-от роденден на Пајо Паторот. Околу пет милиони луѓе го посетиле 11 метри високиот Пајо Патор на Езерото на желбите во тој парк од 9 јули минатата година.

Би можело да ве интересира

Високи оценки за „Светот на Биби“ на Саем на цртани филмови во Тулуз

Ана Ололовска

Дизни соопшти тажни вести: Почина Мини Маус

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Аладин“ со заработка од над милијарда долари од проекциите ширум светот

Ана Ололовска

Најавено претпродолжение на „Сунѓерот Боб“

Ана Ололовска

„Дизни“ ќе ја бојкотира Џорџија, поради законот што забранува абортус

Ана Ололовска

Калифорнија: 4 мај ќе биде Ден на „Војна на ѕвездите” во чест на Дизни

Ана Ололовска