На забавите на Диди присуствуваа и деца: „Бев шокиран“

Од:

По апсењето на Пи Диди, Пандорината кутија беше отворена и многу работи почнаа да излегуваат на виделина. Сега се огласи и Џастин Литовски кој тврди дека на неговите забави присуствувал како шестгодишник.

Имено, како што сега наведува Џастин, тој бил шокиран од она што го видел таму.

“Се сеќавам дека имаше многу „трева“ топлес жени во и околу базенот. Не бев свесен за ништо, сакав само да пливам. Тогаш не знаев дали градите се добра или лоша работа , сакав само да скокнам во базенот“, се сеќава тој за Њујорк Пост, како што пренесува Дејли Мејл.

Според неговите зборови, тој со родителите дошол во куќата на Диди на „попладневна скара“, а потоа се испоставило дека таму се случува нешто сосема друго.

Мајката на овој млад човек, Маја Литовски, рече дека насекаде имало шишиња и голи жени.

„Не бев сигурна дали сето тоа воопшто е соодветно и нормално, а потоа се прашував како на децата им е дозволено да присуствуваат на такви работи“, рече таа.

Многу брзо, Пи Диди воведе полициски час за децата кои присуствуваа на неговите забави.

Џастин го враќа филмот и се сеќава дека на овие забави немало деца освен него.

Со оглед на тоа дека неговиот татко бил фотограф на познати личности, тој дошол на забавата за таа цел, а Џастин потоа се фотографирал со Диди.

Озлогласениот рапер неодамна беше уапсен и обвинет по три точки за сексуално злоставување жени, принудувајќи ги да учествуваат во секс забави и ги дрогирал користејќи закани и насилство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Последната снимка од настраданиот пејач е направена шест минути пред несреќата

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

И стигна пакетот со облека, го отвори и ја касна отровна скорпија

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ