На велешката „Питијада 2014“ продадена џиновска пастрмајлија

Од:

Во рамки на 11. традиционална манифестација „Питијада 2014“, попладнево во Велес беше пресечена и продадена најголемата пастрмајлија во Македонија што ја изработија мајсторите од пекарата „Којник“.

За џиновската пастрмајлија долга 3,3 метри и широка еден метар, се потрошени 20 килограми брашно, 18 килограми свинско месо и пастрма-(сушено овчо месо), како и 150 јајца. Се подготвувала околу шест часа, а се печела во фурна на дрва еден час.

– Не го откривам рецептот и тоа како ја испековме вака голема во печката, но ветувам дека идната година ќе направиме уште поголема пастрмајлија, рече масторот за пити Стојчев.

Средствата собрани од продажбата на џиновската пастрмајлија ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Изразувајќи задоволство од организацијата на манифестацијата, велешкиот градоначалник Славчо Чадиев рече дека 30-те угостители и присутните винарии продале над 10.000 пастрмајлии и 3,5 тони разновидни вина.

Според програмата, попладнево ќе се одржи Мото парада, а вечер ќе настапат естрадните ѕвезди Маид Хаќимовиќ и познатите групи „Ареа“ и „Прљаво казалиште“.

Би можело да ве интересира

„Велешка питијада 2017“ по 14. пат

Ана Ололовска

Заврши велешката „Питијада 2015“

Ана Ололовска

Пита пастрмајлија од 3,5 метри на „Велешка питијада 2015“

Ана Ололовска

Во Велес во октомври ќе се одржи 12. „Питијада“

Ана Ололовска

На велешката „Питијада“ за два дена продадени 40 илјади пити и 11 тони вино

Ана Ололовска

На „Питијадата 2013“ направена џиновска пита пастрмајлија

Емир Латифовиќ