Заврши шестиот гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2013“ што годинава се одржуваше на старата локација, Скопско кале. Изминатите шест дена во изборот од над 30 видови пиво, од домашни и странски производители и македонска традиционална храна од десет различни ресторани, уживаа околу 110 илјади посетители.
Организатор е Здружението на граѓани „Пиволенд“-Скопје, а покровител Град Скопје. На последната фестивалска вечер присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Пред многубројната публика синоќа настапија неколку македонски бендови и артисти. Настапија повеќе диџеи, Пука козметика, Паркети, Ареа…
Годинава фестивалот имаше четири сцени со различен тип музика, главна, диџеј и кавер бенд. Посетителите имаа можност да се забавуваат со уште едно музичко освежување на четвртата сцена, за кое се погрижија момците од радио МОФ. На оваа сцена предност им беше дадена на младите, алтернативни музичари и диџеи од Македонија.
„Пиволенд 2013“ беше фокусиран на целосна промоција на македонската култура. Настапија Тамара Тодевска, ДНК, Тони Китановски и Васил Хаџиманов, Нокаут, Визија, повеќе македонски диџеи.
Влезот на фестивалот, како и секоја година, беше бесплатен за сите посетители. Веќе неколку години традиционално во рамки на фестивалот функционира и катче каде посетитетелите може да играат табла, шах, пиво понг, не лути се човече, фудбалчиња.