На изборите во Индија се кандидирааа Хитлер и Франкенштајн

Од:

На претстојните избори во индиската сојузна држава Мегалаи меѓу кандидатите за локалниот парламент ќе се најдат и неколку луѓе со посебно интересни имиња и презимиња.

За довербата на бирачите наредната сабота ќе се борат Адолф Лу Хитлер – Марак и Франкенштајн Момин, а тука е и други помалку бизарни имиња и презимиња (Boldness Billykid, Bomber Singh, Moonlinght Pariat, Hilarious Pohchen…)

Историчарите појаснуваат дека ваквите имиња се наследство од британскиот колонијален период во текот кога многу родители од некои причини, најверојатно за да ја следат „модата“, на нивните деца во тој дел на Индија им давале имиња според првите лица кои би им паднале на памет, иако често незнаеле кои се тие точно, како на пример Хитлер или Франкенштајн.

Главниот град на покраината Шилонд своевремено важеше за „источна Шкотска“ поради поголемиот број на Британци кои тогаш дошле како христијански аџии или се преселиле заради подобрата клима. Локалното население донело нова религија, но и англискиот јазик, кој и денес,  60-години по осамостојувањето на Индија и понатаму може да се слушне меѓу граѓаните.

Споменатиот Адолф Лу Хитлер-Марак инсистира дека баш ништо, освен мустаците не го поврзува со монструозниот германски Фирер. – Најверојатно името им се допаднало на моите родители. Но јас не сум диктатор, рече тој.

На неколкуте претходни избори во Мегалаи  меѓу оние кои ги освоија пратеничките места се најдоа и по еден Черчил, Рузвелт и Чембрлен, а не би требало да изненади во иднина победата да ја понесе некој Обама, Клинтон или Блер.

Инаку, своевремено во оваа сојузна држава постоел синџир кафулиња и ресторани наречени по Хитлер, но речиси сите ги промениле имињата после бројните протести.

– Родителите на децата можат да им даваат смешни имиња, но се додека кандидатите ја извршуваат својата должност како што треба, јас немам со тоа проблем, рече трговец од Мегалаи, кој и самиот има необичаено име- Клас Уан (Class One, Прва Класа).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати