На Хвар казни од 600 до 700 евра за шетање во костим за капење и за пијанчење

Од:

Градоначалникот на Хвар, Рикардо Новак почна да ги исполнува своите ветувања дека ќе ги упристои разузданите туристи и ќе стави крај на голотијата во својот град, јави Ер-Те-Ел.

На влез во Хвар овој викенд осамна табла со предупредување до туристите и казните што ги очекуваат во случај на непримерно однесување.

– Кој на градски улици ќе шета во костим за капење ќе плати казна до 600 евра, жени во горен дел од костим за капење и мажи со голо торзо до 500 евра, а оној кој се тетерави на улица со флаша во рака и пијан лежи на улица – 700 евра казна.

Градоначалникот неодамна ги прозва британските туристи поради пијанство и голотија.

– Повраќаат по градот, уринираат насекаде, шетаат без маици, спијат на градски површини, ползат наоколу и не знаат за себе…Се има свои граници, рече Новак.

Тој додаде дека Хвар не сака да биде само парти-дестинација.

– Младите турсти се добредојдени, но ќе мора да научат како да се однесуваат овде. Заработката по секоја цена не е туризам каков што го сакаме овдека, изјави Новак.

Би можело да ве интересира

Пијан Украинец задеваше келнерка на Хвар, поради тоа три пати заврши во морето

На хрватскиот остров Хвар празно – ноќевање чини од 7 до 8 евра

А1он