На фестивалот „Томатина“ илјадници учесници ќе се гаѓаат со 160 тони домати

Од:

Илјадници луѓе денеска меѓусебно се гаѓаа сo зрели домати, што е традиција во источна Шпанија на денот на празнувањето на Томатино, а за потребите на фестивалот во Бунол, шест камиони истоварија 160 тони домати.

Толку домати се потребни за еден час „борба“, јавија агенциите.

Таквата „борба“, што привлекува голем број туристи, зад себе остава улици преполни со сок од домати, а единствена заштита во оваа битка се  очилата за сонце, кои спречуваат сокот од домати да не Ви прсне во очи.

По празникот, што завршува попладнево, организаторите со водени црева ги чистат улиците, а за учесниците се обезбедени јавни тушеви.

Фестивлаот е испирација од еден настан во 1945 година кога локалните деца се гаѓале со храна во регионот во кој се одгледувале домати.

Во годинешната „борба со домати“ се очекува да учествуваат околу 20.000 учесници. 

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ