Мрежата „Прекуграничен забавен центар“ од септември со понуда на кулинарски викенди

Од:

Од почетокот на септември до крајот на декември десетте „туристички јазли“ од Македонија и Бугарија од мрежата „Прекуграничен забавен центар“ ќе им понудат на своите гости специјални викенди со кулинарски искушенија, информираа денеска од Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица.

Во рамки на два дена, домаќините од мрежата ќе ги запознаваат посетителите со конкретни локални продукти, начините на нивно користење и искористување, нивната историја и значењето за локалната заедница.

Гостите ќе имаат можност да ги пробат продуктите, да го набљудуваат подготвувањето на интересни локални рецепти со тие продукти, како и самите да научат да приготвуваат различни предизвикувачки рецепти.

Секоја од мини-дестинациите во пограничниот регион меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе претстави сопствен продукт, а гостите ќе можат да користат кулинарски викенди во Банско, Струма, Благоевград, Гоце Делчев и Петрич во Бугарија и во Гевгелија, Радовиш, Ново Село, Струмица и Дојран во Македонија и притоа ќе можат да пробат шумски плодови, грозје, мед, модар патлиџан, жито, кикиритки, кромид, пиперки, костен и смокви.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава