Movember e движење koe започнало во ноември 2003-та година како мала акција на неколкумина ентузијасти, а до денес се претворила во глобална акција за подигање на свеста за здравјето на мажите.
Симбол се мустаќите, а името на акцијата е Movember, кое доаѓа од англиските зборови за мустаќи (moustache) и ноември (November).
Секој ноември се започнуваат дискусии и се собираат средства за примарна борба против ракот на простатата, и останатите болести кои често ја погодуваат машката популација. Соучесниците се поттикнуваат јавно да дадат до знаење дека ја поддржуваат акцијата на едномесечно пуштање на мустаќи.
Поддршка на акцијата дале многу американски ѕвезди, вклучувајќи ги и Снуп Дог, Хулк Хоган, Џејмс Франко и други.