Морков и целер против афлатоксинот

Од:

Кикириките, бадемите, фстаците, зачините, пченката, оризот, растителните масла, лутите пиперчиња и компирот се само некои од производите, покрај млекото, во кои може да се најде афлатоксин.

Експертите предупредуваат дека и најмалото количество во подолг период може да го загрози здравјето, па кога веќе луѓето немаат заштита од строги закони, тогаш тука се силниот имунитет и исхраната. Освен што е отровен, афлатоксинот е сериозен бидејќи може да преживее и многу процеси на преработка на производите.

– Штетните ефекти на афлатоксинот врз организмот зависат од годините, нивото и должината на изложеност, здравјето и имунитетот, како и од исхраната. Проблеми можат да се јават и при внесувањето на мали количини за време на подолг период, бидејќи во храната не треба да се наоѓа ниту промил од овој отров, смета нутриционистот Љубомир Пфаф.

Според експертите, разновидната исхрана со повеќе морков, целер и магдонос го зајакнуваат имунитетот и му овозможуваат на организмот да се избори со афлатоксинот.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава