Многумина ја обвинија дека му се потсмевала на Исус на отворањето на Олимпијадата: Која е Барбара Буч

Од:

Диџејката и продуцент Барбара Буч привлече внимание на отворањето на Олимписките игри во Париз. Многумина ја критикуваа затоа што мислат дека го исмевала Исус.

Таа седеше на средина, а околу неа имаше 20-ина изведувачи, меѓу кои и драг-квинс. На главата носеше украс кој наликуваше на ореол.

По бројните критики од десничарските политичари и верници, организаторите на Олимписките игри се извинија и изјавија дека немале намера никого да навредат. Некои го сметаа ова како прослава на ЛГБТ заедницата и инклузивноста.

Барбара е истакната личност во ЛГБТ заедницата. Таа е позната и како активист. Ја промовира телесната позитивност, односно љубовта кон сопственото тело. Таа позираше гола за насловната страница на списанието Телерам за да ја подигне свеста за позитивноста на телото. На својот Инстаграм профил таа сподели видео од својот настап на Олимписките игри и напиша:

„Јас сум „љубовен активист“, диџеј и продуцент од Париз. Мојата цел е да ги обединам луѓето, да ги зближам и да шириме љубов преку музиката за да можеме сите да танцуваме и да ги натераме нашите срца да чукаат на ист ритам! Музиката звучи подобро кога сите сме вклучени“.

Таа ја започна својата кариера настапувајќи во барови и забави во Монпеље, Франција, првично под псевдонимот Scratcheuse de gazon. Подоцна се преселила во Париз и започнала да настапува во салите на Rosa Bonheur, Machine du Moulin Rouge.

Таа се залага за правата на лезбејките. Поради нејзиниот придонес во оваа заедница, таа ја доби наградата ЛГБТИ личност на годината во 2021 година од Француската асоцијација на ЛГБТИ новинари.

Инаку, на отворањето не се работи за сцена од „Последната вечера“ од Да Винчи, туку „Празникот на боговите“ (1635) на Јан Харменс ван Бијлерт – олимпските богови кои ја слават венчавката Тетис и Пелеус, а во центарот на трпезата е крунисан Аполон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Најлошата натпреварувачка на Олимпијадата во Париз ќе заработи милиони како интернет сензација

Предраг Петровиќ

Во Боцвана е прогласен полудневен празник во чест на спринтерот кој воодушеви во Париз

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандалот со ОИ продолжува – Американците одбиваат да го вратат медалот

Предраг Петровиќ