Млекото е одличен лек за бришење на последиците од стресот, а германските научници докажаа дека редовното пиење на чаша топло млеко пред спиење го одмара мозокот.
Германското истражување покажало дека фосфолипидите во млекото се вистински благослов за луѓето под стрес.
Иако многумина сметаат дека млекото поради маснотиите и предизвикувањето алергии треба да се избегнува, научниците сепак го препорачуваат.
Истражувачите од универзитетот Триер докажаа дека пиењето млеко дава рамнотежа и ги враќа когнитивните способности, кои се загрозени под стрес.
Затоа чаша млеко пред спиење го „брише“ тешкиот ден и го олеснува сонот.