Родителите се тука да не сакаат и да внимаваат на нас, а понекогаш и на построг начин да не заштитат од грешките кои планираме да ги правиме. Но, бабите и дедовците се тука за да не разгалат у да ни дадат утеха и среќа која не се опишува.
Затоа една млада брачна двојка реши да им се оддложи на своите баби за сета љубови и ги вклучи во церемонијата на венчавката на многу оригинален начин.
Имено, Џош и Меги Вејкфилд на своите баби им ја довериле улогата што на венчавки вообичаено ја имаат мали девојчиња – да фрлаат цвеќиња на патеката до олтарот. За таа цел двете госпоѓи добиле и атрактивни сиви фустани со детали од тантела на ракавите.
Шармантните баби Џојс и Дру ги воодушевија гостите додека фрлаа бели цветови по патеката до олтарот по која минаа внуците во чие растење уживале.
Меги пред неколу години го загубила татко и, па многу и значеше тоа што на свадбата крај себе ја имаше баба и, која секогаш била тука за неа, пишува магазинот „Нот“.
Бабите цела вечер танцуваа, а младенците велат дека долго време не ги виделе толку среќни.