Младата Марија Бакалова е прва Бугарка во историјата номинирана за „Златен глобус“

Од:

Бугарската актерка Марија Бакалова е меѓу номинираните за најдобра актерка во категоријата „филмска комедија или мјузикл“ на годинешните награди „Златен глобус“, се наведува на официјалниот Твитер-профил на наградите.

Бакалова е номинирана за нејзината улога во ликот на Тутар – ќерка на главниот лик во филмот „Борат 2“. Филмот беше номиниран и за најдобра комедија на годината, а британскиот глумец и режисер Саша Барон Коен е номиниран за најдобар актер.

Бакалова и нејзиниот филмски „татко“, Саша Барон Коен на постерот за „Борат: Последователен игран филм“, новото продолжение на урнебесната комедија

Младата Бакалова е првата Бугарка номинирана за престижната награда, а покрај неа, годинава во оваа категорија се номинирани и актерките Мишел Фајфер, Ања Тејлор-Џој, Кејт Хадсон и Розамунд Пајк.

Годинашната, 78-ма церемонија на доделувањето на наградите „Златен глобус“ ќе се одржи на 28 февруари.

Бакалова (24) досега глумела во неколку филмови пред нејзиното големо холивудско деби во „Борат 2“. Меѓу нив се бугарските „Престап“, „XIIа“ и „Таткото“. Играла и една од главните улоги во „Како за последен пат“ и во неколку епизоди од веб-серијата „Типично“.

Би можело да ве интересира

На доделувањето на наградите „Златен глобус“: Филмот „Опенхајмер“ освои најмногу награди

„Златен глобус“ нема да оди во живо

Ана Ололовска

Златен глобус за „Земја на номадите“ и „Борат 2“

Ана Ололовска

Номинациите за наградата Златен глобус ќе бидат објавени денеска

Ана Ололовска

Џејн Фонда ќе добие Златен глобус за животно дело

Ана Ололовска

Доделувањето „Златен глобус“ преместено за февруари

Ана Ололовска