Митови за косата кои на стилистите им звучат смешно

Од:

Честото шишање нема да го забрза растот на косата, бидејќи таа расте од коренот, а не од краевите. Белите ситни зрнца во косата не мора да бидат првут.

Косата не смееш да ја миеш секој ден бидејќи брзо се замастува. Секоја вечер помини со четка по косата 100 пати. Кога ќе искубеш едно бело влакно ќе пораснат две.

Сите безброј пати сме ги слушнале овие совети за убава коса, но експертите на тие митови можат само слатко да се насмеат, бидејќи секако не се точни. „Бјути Хај“ разговараше со фризери и дерматолози и изработи листа на митови кои на овие стручни лица им звучат лудо.

1. Ако искубеш едно бело влакно, на тоа место ќе пораснат две.

– Тоа едноставно не е точно. Луѓето мислат дека белите влакна се поцврсти и покриваат поголема површина, вели др. Маривал.

2. Косата треба да ја четкаш секој ден со 100 потези за да биде посјајна и погуста.

– Неточно. За да се поттикне циркулацијата и сјајот не треба четкање, но тоа го постигнуваме со 15 до 20 четкања по косата. Повеќе од тоа може да ја оштети косата или да доведе до паѓање, тврди др. Банк.

3. Ако поретко ја миеш косата, таа нема да се замастува често.

– Типот на косата, зависи од генетиката и хормоните. Тоа не се променува со почесто или поретко миење на косата со шампон, порачува портпаролот на брендот „Рогејн“, др. Дорис Деј.

4. Белите ситни ронки на косата се првут

– Не мора да бидат првут, вели Џонатан Ехор. – Често станува збор за сува коса и мртва кожа која паѓа. Многу е важно да се утврди дали се работи за сува коса или првут. Првутот има жолтеникава боја и доаѓа од мрсна коса, додека мртвите клетки се бели и поцврсти. Третирањето на сувата коса со производи против првут може само да ја влоши состојбата.

5. Ако сакаш косата да расте, мора да ја шишаш секои шест недели.

– Честото шишање на косата нема да го забрза нејзиниот раст, таа расте од коренот, а не од врвовите. Шишањето ќе помогне косата да изгледа поздраво, но никако нема да го забрза процесот на растење, објаснува стилистката за коса Сарах Потемпа.

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска