Миризбата на расипани јајца одлична за долговечноста

Од:

Гасот, кој на расипаните јајца им дава карактеристичен мирис, го забавува стареењето и ги блокиреа штетните хемиски реакции во клетките, покажале резултатите од едно истражување спроведено во Кина.

Научниците кои ги испитале ефектите на гасот со непријатен мирис врз кардиоваскуларниот и нервен систем, откриле дека водород-сулфидот ги активира гените задолжени за долговечност на ист начин како и ресвератролот, антиоксиданс од црното вино. За разлика од него, водород-сулфидот го произведува човечкото тело.

– Забавувањето на стареењето така се одвива на барем три начини, истакнуваат во својот извештај шефот на истражувачкиот тим Џанг Жишенг и неговите колеги од Универзитетот во Јужна Кина.

Гасот помага да се спречат слободните радикали кои ги оштетуваат клетките, го поттикнува производствто на корисните ензими и комуницира со генот кој самостојно се бори против стареење.

– Податоците кои ги добивме укажуваат дека водород-сулфидот може да биде важен агенс за спречување на стареењето и болестите кои го следат, истакнува Џанг, додавајќи дека луѓето еден ден би можеле да конзумираат храна богата со ова соединение, со цел да живеат подолго и поквалитетно.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава