Што најбрзо може да ги „олади“ оние кои првата средба ја завршуваат со бакнеж. Според една британска анкета тоа е мирисот на цигари.
Анкетата ја спроведе комапнија за производство на артикли за орална хигиена. Резултатите покажаа дека дури 52 отсто од испитаниците не би бакнале некого чиј здив мириса на цигари.
На второ место е лукот против кои се изјасниле 27 проценти од испитаниците, додека 12 отсто изјавиле дека најмногу може да ги одбие лошата техника на бакнување.
Анкетата открива дека од 87 проценти од мажите очекуваат бакнеж на првиот состанок, а само 37 отсто од жените имаат исти очекувања.