Мирисите спречуваат ноќни кошмари

Од:

Сите сакаме да почувствуваме или да понесеме пријатни мириси, меѓутоа истражувачите сега научно потврдија дека пријатните мириси влијаат убаво да сонуваме.

Спиењето му помага на организмот да закрепне, а мозокот да ги преработи информациите и емоциите. За да навистина биде лековито важно е сонот да биде мирен, никако испрекинат и со ноќни кошмари и чести будења поради вознемиреност.

Научниците од Универзитетот Нортвестерн од американската сојузна држава Илиноис, истражуваа како пријатните мириси на лековитите билки, овошјето и цвеќињата, влијаат на спиењето.

Испитаниците кои имале проблеми со сонот и ноќните кошмари добиле задача да спијат во миризлива просторија, а другата група спиела во соба без мириси.

Исходот е дека оние кои поминале „миризлива“ ноќ значително помирно спиеле, а научниците сметаат дека тоа е затоа што пријатните ароми асоцираат на убави моменти.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските