Меѓународниот оркестар „Bisyoc“ имаше хуманитарен концерт во Струга

Од:

Интернационалниот симфониски оркестар „Bisyoc“ синоќа одржа голем симфониски концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Концертот беше од хуманитарен карактер, а собраните средства се наменети за донација за основното училиште „Браќа Миладиновци“, информираше директорката на Центарот, Николина Велкоска-Глигороска.

Влезот за концертот беше слободен, а беа поставени кутии каде сите присутни љубители на овие настани имаа можност да донираат.

Директорката на Центарот за култура нагласи дека ја продолжуваат минатогодишната соработка со меѓународниот оркестар од млади музичари „Bisyoc“, кои концертот од синоќа ќе го повторат и утре од 17 часот.

„Bisyoc“ е интеркултурен младински оркестар со музичари од 18 држави. Покрај класична музика, имаат обработено и изведувано модерна и филмска музика.

Собраните средства од минатогодишниот концерт беа донирани во основното училиште „Јосип Броз-Тито“ во Струга.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум