Мбапе се почасти со кола од половина милион евра, ама не може да ја вози

Од:

Килијан Мбапе минатото лето сериозно размислуваше да го напушти ПСЖ, за да ги засили редовите на Реал Мадрид. На крајот остана во Париз, а богатите сопственици му дадоа договор со кој ретко кој може да се пофали.

Французинот стана еден од најплатените играчи во светот, а неговата годишна плата е цели 72 милиони евра годишно. Мбапе сака да се почасти со скапи работи. Па сега се одлучи за нов автомобил.

Мбапе купи Ferrari 488 Pista, кој има 720 коњски сили и V8 мотор. Цената на ова „чудовиште“ е околу 500 илјади евра.

Но овој автомобил ќе собира само прашина кај Мбапе бидејќи Французинот нема возачка дозвола!

Едноставно тој немаше време да положи бидејќи од младоста бил презафатен со фудбалот. Едноставно тоа е цената што ја плати за да стане еден од најдобрите фудбалери на планетата.

„Тоа е една од лошите страни на раниот успех. Не можев да правам едноставни работи како што е полагање за возачка дозвола“, рече Мбапе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он

Мбапе ослободен од обвиненијата за наводно силување во Стокхолм

(ВИДЕО) Реал го искористи киксот на Барса, Мбапе повторно се насмевна

А1он

Искри во соблекувалната на Реал – ќе ја погоди ли Анчелоти вистинската позиција на Мбапе?

А1он

Мбапе и Кејн го поделија трофејот „Герд Милер“ во Париз

А1он

Маскиран, Мбапе е снимен како излегува од ноќен клуб за време на натпреварот Франција-Израел