Експертите од Универзитетот во Рочестер докажаа дека за мажите попривлечни се жените кои носат црвена облека, како и дека се подготвени да потрошат повеќе пари на нив и повеќе да се потрудат за да ги освојат.
Студијата во која девојките на секои две недели на профилната фотографија во фотошоп ја менуваа бојата на маицата, покажа дека најголем интерес за нив имало кога биле облечени во црвено.
Заклучокот на истражувачите е дека тоа е така поради културолошките и историските ставови односно оти црвената боја ја поврзуваме со страста и љубовта.