Машкиот пол тешко поднесува кога нивните жени заработуваат повеќе од нив, а новото истражување покажа дека тоа може да предизвика и проблеми во спалната соба.
Истражувањето откри дека мажите кои заработуваат помалку од нивните сопруги често користат виагра и слични лекови. Истражувачите не се сигурни која е вистинската причина, но се сомневаат дека гордоста, лутењето и фрустрацијата играат голема улога.
Истражувањето го направија истражувачи од Данска и САД на примерок од 200.000 брачни двојки. Виаграта, како и другите лекови за импотенција, многу се популарни во домовите каде жените заработуваат повеќе од мажите, дури и во семејствата каде жените имаат незначително поголема плата.
– Дури и малите разлики во износот на платата се поврзани со ерективната дисфункција, се наведува во истражувањето.
Овој феномен не е присутен кај двојките каде жената заработувала повеќе од мажот од самиот почеток на врската.
– Сексуалната желба на мажот е поврзана со културалните и социјалните фактори како патријархатот, парите и социјалните врски. Кога ќе дојде до нарушување во тие традиционални ставки доаѓа до редуцирање на сексуалната желба или дисфункција, се наведува во истражувањето.