Во едно истражување жените ги прогласувале за поубави и позгодни мажите, кои на фотографиите биле со убаво дете, отколку оние кои биле сами.
Следниот пат кога ќе посакате да заведете некоја жена, замолете го најдобриот пријател или соседот да ви го позајми синот и успехот е речиси загарантиран. Единствено водете сметка детето да биде слатко, е заклучок од истражувањето.
Студијата е спроведена на словачкиот Универзитет во Трнава, а во неа учествувале 260 жени. Испитаничките прво го оценувале изгледот на мажите, а потоа им биле покажувани фотографии од истите мажи, но овој пат тие на нив биле со деца на возраст меѓу четири и пет години.
На испитаничките им било кажано дека на фотографиите се татко и син, иако тоа не е вистина. Кога мажот бил на фотографија со дете, кое е проценето како убаво, автоматски бил прогласуван за позгоден и поатрактивен.
Научниците овој податок не ги изненадува, бидејќи убавото дете инстиктивно го толкуваме како знак дека мажот има квалитетни гени, што во нашите очи го прави посакуван.