Маслиновото масло може да помогне во слабеењето бидејќи предизвикува чувство на заситеност, сметаат истражувачи од Унверзитети во Минхен и Виена.
Истражувачите дошле до тој заклучок по тримесечен експеримент, во кој на доброволци давале да конзумираат јорурт обогатен со масни состојки: маслиново масло или масло од семе од репка, путер или маст.
Потоа, констатирале дека јогуртот со маслиново масло создава поголемо чувство на заситеност, бидејќи доброволците јаделе помалку, односно дневно внесувале просечно 200 калории помалку.
Научниците објасниле дека конзумирањето маслиново масло предизвикува лачење на хормонот серотин (хормонот на задоволство) кој делува на чувството на заситеност.
Јасна Атанасова