Во ВИП Арената „Борис Трајковски“ од 17 часот ќе биде изведена претставата за деца „Маша и Медо“, направена по истоимениот цртан филм.
Најмладата публика ќе може во живо да ги види своите омилени јунаци, а руската актерска екипа специјално по овој повод доаѓа во Македонија.
Претставата е синхронизирана на македонски јазик и, покрај денешното гостување во Скопје, утре ќе биде изведена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од 12 часот и во Центарот за култура во Битола од 18.30 часот.