Малезијците јадат најмногу риби во светот

Од:

По долгогодишната доминација на Јапонците, кога се работи за потрошувачката на риби во исхраната, лани приматот го презеле жителите на Малезија, кои годишно конзумирале 56,5 килограми по жител.

Јапонците се и натаму при врвот според потрошувачката на риба, со 55,7 килограми по жител, што е многу над светскиот просек, според кој на глобално ниво еден жител на планетава, во просек, годишно конзумира нешто под 20 килограми риба.

Во статистиката на светската организација „Инфофиш’’, што со големо задоволство денеска ја пренесуваат медиумите во Малезија, се наведува дека едно семејство во државата за риби и морски плодови троши 35 долари месечно.

Рибите и морските плодови сега имаат доминантно место во трпезата на жителите на Малезија, кои до пред неколку години како најчеста храна ги користеа кокошките.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ