Македонската еспорт асоцијација се вклучува во борбата Ковид-19 со он-лајн турнири

Од:

Македонската еспорт асоцијација (МЕСА) од денеска до 26 април организира он-лајн турнири во познатити видео игри League of Legends и Counter Strike: Global Offensive.

Турнирите ќе можат да се гледаат во живо на twitch.tv/mesa_mk и twitch.tv/ggtvmk.

Победниците ќе бидат наградени преку поддршката од спонзорите на настанот: M3DS, Lynx Animation, Galerija, GG.MK и Jakomo.

Во време кога глобалната пандемија наметнува различен начин на секојдневно живеење во кое социјалната дистанца и престојувањето дома се од исклучителна важност, видео игрите и еспортот кои и онака се веќе во голем подем, претставуваат едни од главните начини на социјализација и извор на забава. Оваа реалност ја препозна и Светската здравствена организација која на почетокот на годината во соработка со реномирани еспорт и гејминг имиња започна кампања за социјализација преку видео игрите. Како прв претставник од домашната гејминг сцена со поддршка на СЗО се приклучува и Македонската еспорт асоцијација преку своите он-лајн турнири во познатити видео игри League of Legends и Counter Strike: Global Offensive, наведоа од МЕСА.

Претседателот на Асоцијацијата, Константин Пејоски посочи дека МЕСА примарно била создадена од ентузијасти за видео игри кои веруваат во социјалната моќ на видео игрите и можноста истите да ги зближат луѓето.

– Логично следство ни претставуваше да овозможиме натпреварувања во најпознатите видео игри преку кои можеме да помогнеме во олеснување на оваа уникатна ситуација. Гејминг сцената воопшто е исклучително позитивно изненадена од иницијативата на СЗО, покрај фактот дека се користат видео игрите како помогатели во ова време, оваа кампања дополнително додава кон борбата против негативната стигма која е создадена за видео игрите. Гејмингот и интернетот имаат потенцијал да зближат луѓе со слични размислувања, а веќе години наназад сѐ повеќе се зголемува оваа заедница од луѓе кои имаат иста пасија. Показател за ова е ѝ дека квотата за тимови кои можат да се регистрираат за овој турнир се пополни само по неколку часа од објавувањето на истиот, што ни дава мотивација вакви организирани натпреварувања да создаваме се почесто, а притоа да помогнеме во олеснувањето на секојдневието на играчите, изјави Пејоски.

Тој истакна дека како и во светски рамки, во последните неколку години гејмингот во земјава доживува огромен подем.

– Врвните играчи на овие видео игри се сметаат за професионални атлети и добиваат визи еднакви на професионалните фудбалери, кошаркари, ракометари или било кои други врвни спортисти. Огромната бројка на гледачи и љубители кои ги следат овие натпреварувања дополнително додава на афиримирањето на натпреварувањето во видео игри како спорт, а бројката на гледачи до 2021 година е предвидено да се искачи на 250 милиони љубители на ваквиот вид натпреварувања, нагласи претседателот на МЕСА.

Би можело да ве интересира

„ФИФА 22“ ќе понуди и „фудбал-тенис“

Ана Ололовска

Истражување: Жените се повеќе време посветуваат на видеоигрите

Ана Ололовска

Пристигна најновата едукативна игра за деца „Ристина и Шарко“

Ана Ололовска

Осум милиони Романци редовно играат видеоигри

Ана Ололовска

УМПАКИ со повик за млади лица од 10 до 18 години за изработка на концепт за видео игра

Ана Ололовска

Македонска е-спорт екипа со шампионско место во „League of Legends“ и вице шампионско во „Counter Strike: Global Offensive“

Ана Ололовска