Мајка натерала ќерка да носи смешна облека за казна што ги исмејувала другарчињата

Од:

Веројатно најстрога казна за едно десетгодишно дете е да носи смешна облека во училиште, а тоа и се случи на Американката Кајели, која мајка и ја казнила да носи стара, смешна и износена облека.

Маќеата на Кајели, Ели се одлучила на овој вид казна откако дознала дека нејзината поќерка ги навредувала децата кои носеле стара и износена облека во училиштето.

– Некои од децата не сакаат повеќе да одат во училиште заради нејзиното задевање. Тоа е навистина штетно за нив – изјави Ели.

Всушност таа отишла во локалната продавница за облека од втора рака и за 50 долари ја купила најсмешната и најгрда облека која Кајели морала да ја носи два дена во училиште.

Кајели вели дека два дена плачела кога првиот пат ја видела облеката која морала да ја носи и дека и било многу тешко кога дошла во училиштето и ги затекнала другарките како и зборуваат зад грб. Меѓутоа Кајели потврди дека ја научила лекцијата и дека повеќе нема да ги задева другите.

Би можело да ве интересира

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините