Сите барем еднаш сме нашле во ситуација со кога со „нозе и со раце“ се обидуваме да објасниме нешто на странец кога ограниченото знаење на странски јазик ќе не изневери. Во иста ситуација се најдоа три момчиња кои по патувањата низ Виетнам креирале маица „IconSpeakWorld“, која ќе го олесни животот на сите патници во странство.
– Многу пати на патувањата се среќаваме со јазични бариери кои можат да се решат само со цртани знаци, симболи или икона на парче хартија или мапа, објаснува Џорџ, Стивен и Флоријан, креатори на имагинативна облека предмет која се состои од 40 симболи кои се препознатилив во целиот свет.
„IconSpeak“ е фантастично осмислена маица која станува средство на комуникација кога се наоѓате во стрнска земја. На памучните маици кои доаѓаат во повеќе модели можат да се најдат слики кои симболизираат ресторан, хотел, телефон, ви-фи, превозни средства, тоалет и многу други работи кои секојдневно се потребни на патувањата.
– Ние мислевме дека би биле убаво да се има основен сет икони кои секогаш можете да ги имате со себе и на кои можете да покажете со прстот кога нешто ќе ви затреба, а да можат луѓето околу ва да ве разбираат, рече авторот на проектот „IconSpeak“.
Маиците можат да се најдат во сина, бела и црна боја преку Интернет страницата на проектот и чинат 33 долари.