Љубовта на прв поглед е повеќе од реална

Од:

Дваесет и пет проценти од мажите се вљубиле на прв поглед и биле маѓепсани од партнерката по првиот состанок. На жените од друга страна им треба малку повеќе време да сфатат што сакаат, поточно потребни им се три состаноци.

Околу 50 отсто од луѓето се чувствуаат вљубено по првиот состанок со потенцијалниот љубовен партнер, што докажува дека и во денешното модерно време останале романтични, покажува истражувањето на британскиот портал Експедиа.

Според истражувањето 25 отсто од мажите веќе по првиот состанок чувствуваат дали таа жена е за нив, а 29 отсто ќе признаат дека на првиот состанок ги маѓепсала партнерката, иако се уште не се вљубени.

Сепак припадничките на понежниот пол не се толку брзоплети, а секоја петта по првиот состанок е маѓепсана од мажот, додека на повеќето од нив им се потребни три излегувања за да можат да проценат дали постои шанса за некој сериозен однос.

Разговорот за сексот е нешто што повеќето жени ќе го оценат како несоодветна тема за првиот состанок, а мажите одбиваат разговори за формирање на семејство и брак, тврдат истражувачите.

Неутрални и најдобри теми за разговор на првиот состанок се работа, патувања, музика и хоби.

За 81 проценти од испитаниците најголемиот пресврт во односот било првото заедничко летување.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска