Љубовта е во крвта: Кои групи се најдобра комбинација за врска

Од:

Според едно јапонско учење, крвните групи имаат големо влијание на личноста.

Според ова верување, најдобро се согласуваат жена со крвна група А и маж со 0 или Б крвна група, како и маж со АБ и жена со 0 крвна група.

Крвната група влијае на карактерот

Од 1930 година Јапонците почнале да ја согледуваат поврзаноста на крвните групи со одреден тип на карактеристики, а еден од основачите на таа наука е научникот Фурукава Такеји.

Во Јапонија речиси сите знаат која крвна група ја имаат, а некои компании одат толку далеку што и работниците ги распоредиле по позиции кои одговараат на нивната крвна група. Во теоријата врската на крвта и карактерот, РХ факторот не игра никаква улога, а постојат четири крвни групи: 0, А, Б и АБ.

Најдобри љубовни споеви

Жена со крвна група А и маж со крвна група 0, имаат страсна врска, полна со секс и желби. Обично тоа се многу плодни, но нивниот однос е динамичен и полн со пресврти, па треба многу поголема толеранција.

Многу покомпатибилна двојка е жена со група 0 и маж со група АБ. Тие имаат добра комуникација, се поддржуваат и се романтични.

Во комбинација на жена А и маж Б се работи за спротивности кои се привлекуваат, а со многу љубов и труд основаат одличен брак.

Крвна група 0

Луѓето со крвна група 0 по правило се исклучително спонтани и друштвени. Често иницираат настани, креативни се и популарни и имаат голема самодоверба.

На жените од оваа крвна група им треба партнер кој пружа сигурност, а од мажот очекуваат многу нежности и комуникација. Сакаат да основаат семејство и се грижливи.

Мажите со група 0 во љубовта се ловци кои сакаат предизвици и освојување, а ги презираат пасивните жени. Сакаат партнерка која ќе ги поттикнува, ќе им се спротивставува и секогаш знае што сака.

Крвна група А

Луѓето со оваа крвна група се мирни и сталожени, но тие ги прикриваат своите мисли кои никогаш не се гасат. Тие се големи перфекционисти. Од сите групи најмногу се склони кон уметноста. Емпатични се, но и пречувствителни.

Жените обично се многу интелигентни и сакаат „ред, работа и дисциплина‟. Во љубовта често се премногу внимателни и треба долго да се освојуваат, а имаат и многу критериуми за партнерите.

Мажите од оваа група не се големи заводници, туку пристапуваат пријателски. Упорноста, лојалноста и емпатијата ги прави одлични партнери за брак.

Крвна група Б

Тие се приземјени и ориентирани на целите. Од сите групи, тие се најголеми индивидуалци. Животни тактичари се и ретко се случува да не знаат што сакаат или како да дојдат до тоа.

Жените сакаат многу внимание и посветеност, но само од тој кој ги задоволува нивните критериуми. Познати се по забелешки до партнерот, но не злонамерно, туку сакаат да го поттикнат на подобро. Многу се еротични.

Мажите од оваа група се големи заводници, а во животот најчесто само еднаш вистински се вљубуваат. Како партнери се добри, но склони се кон расправии и се злопамтила.

Крвна група АБ

Луѓето кои ја имаат оваа крвна група всушност се карактерна комбинација на крвната група А и Б, во која секогаш едната малку повеќе преовладува. Обично се спонтани, прилагодливи и како карактери не се „тешки‟.

Жените со оваа крвна група не сакаат патетика и драма во љубовта, туку партнер со кој можат искрено се да делат.

Ниту мажите не се многу поразлични, тие сакаат да бидат вљубени, но свесни се дека тоа поминува, па поважна им е интелигенцијата, ставовите и добрата душа на партнерката.

Сепак, сексот и на мажите и на жените од оваа група им е важен за долготраен однос.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска