Љубов која го допре целиот свет

Од:

Нивното семејство и нивните пријатели се сложни – ако некогаш постоеле двајца кои биле создадени еден за друг, тогаш тоа се Хелен и Лес Браун.

Родени на ист ден, 31. декември 1918. година, Хелен и Лес биле лудо вљубени тинејџери чија љубов прераснала во нераздвојни 75 години брак, пишува „Прес Телеграм“.

„Мајка ми често говореше дека не сака да види како умира татко ми, а тој без неа, пак не можеше да живее“, рече нивниот најмлад син Даниел.

Се запознале во средното училиште „Хантингтон Парк“ и против волјата на нивните родители во 1937. година избегале и се венчале. Хелен потекнувала од работничко класа, а фамилијата на Лес била богата, па затоа и двете семејства сметале дека тој брак нема да опстане.

helen_lesmladi

Се преселиле во Лонг Бич во 1963-та година. Таа била домаќинка, а Лес имал фотостудио и работел како фотограф за морнарицата.

Иако се родени ист ден, тие двајца имале спротивни карактери. Нивните синови тврдат дека Хелен била исклучително строга, а дека татко им многу поопуштен.

Хелен се разболела од рак на желудникот, а Лес од Паркинсова болест. Нивната безусловна љубов траела до самиот крај: таа починала на 16-ти јули, а нејзиниот сопруг само ден подоцна.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска