Љубомората е одлика на интелегентните

Од:

Многу љубоморните партнери се обично луѓе кои имаат висок коефициент на интелегенција, покажа најновото истражување на Универзитетот во Вирџинија.

Студентите кои учествувале во истражувањето имале задача да замислат ситуација дека во мејл сандачињата на саканото лице наоѓаат двосмислена порака од лице од спротивниот пол во која пишува: „Што работиш после?“.

Истражувачите открија дека студентите со најдобар просек на оценки и најголем коефициент на интелегенија реагирале бурно на оваа порака која има двојно значење.

Кај интелегентните луѓе присутна е изразена самоконтрола, а тие како личности најчесто тежнеат кон перфекционизам. Поради тоа многу може да ги вознемири фактот дека нивнот идеал за совршенство може да биде загрозен од нешто како што е неверност на партнерот.

Иако претходно е докажано дека жените се повеќе љубоморни од мажите, припадниците на посилниот пол се повеќе љубоморни ако пораката во себе содржена некој емотикон.

– Мажите се љубоморни на идеата на сексуална неверност, додека жените повеќе се љубоморни кога е во прашање емотивна неверност. Затоа, „смајли кое намигнува“ мажите го перцепираат како сексуално сугестивен знак и кокетирање, што разјаснува зошто тие се толку љубоморни, објаснува професорот по психологија, Дениз Фридман.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска