Еден од најголемите американски бендови на сите времиња, TOTO, за прв пат ќе одржат концерт во Македонија на 5. март 2018. година во ВИП арената „Борус Трајковски“, во рамките на нивната турнеја по повод 40 години постоење.
Познати по своите врвни свирачки достигнувања, ТОТО е бенд кој светската музичка јавност го третира како еден од најдобрите во музичката индустрија, а членовите ги карактеризира како „Кралеви на живата свирка“.
Во 2018-та тргнуваат на голема светска турнеја која опфаќа 40 земји, насловена “40 Trips Around The Sun”, со која одбележуваат 4 децениска работа, а и со нов студиски албум кој треба да излезе во февруари идната година.
-Јас, Дејвид, Стив и Џозеф сме задоволни и истовремено возбудени за долгогодишниот успех на бендот. Оваа јубилејна турнеја, по повод 40 години од постоењето на ТОТО ќе биде многу специјална турнеја за секој од нас и за сите наши фанови низ светот- вели гитаристот Стив Лукатер.
За родоначалниците на стадионскиот рок ова ќе биде 23 турнеја и 14-ти по ред студиски албум, после низа мултиплатинести плочи продадени во преку 35 милиони примероци.
Хитовите како што се „Rosanna“, „Africa“, „Hold The Line“ и уште многу други им донесоа многу музички признанија и пет Греми награди.
Цените на влезниците за овој навистина голем музички настан ќе бидат објавени утревечер во 21 часот, а продажбата ќе стартува на 25ти август. Организатор на концертот е „Авалон продукција“