Лагата лошо влијае врз менталното и физичкото здравје

Од:

Врз основа на 10-неделно истражување во кое испитаниците билеподелени во две групи, утврдено е дека во првата група, без “лажговци”, испитаниците имале подобро ментално и физичко здравје оддругата група.

Постојаното лажење може да биде опасно по здравјето, покажаа резултатите на истражувањето презентирано на годишната конвенција на Американската психолошка асоцијација во Вашингтон.

Истражувањето е спроведено од страна на истражувачите од Универзитетот “Нотр-Дам” (Индијана), на околу 100 луѓе на возраст од 18-71 години, пренесоа француските медиуми. Учесниците во студијата биле поделени во две групи.

Лицата од првата група морале да престанат со лагите, но, исто така, им било дозволено да избегнат прашања и да ја задржат тајната за себе во текот на 10-неделното на истражување.

Втората (контролна) група не добила посебни инструкции.

На крајот од секоја недела биле тестирани факти и постапки поврзани со учесниците во истражувањето преку детектор за лага, а нивното физичко и ментално здравје било оценето преку разни прашалници.

По 10 недели истражување, експертите регистрирале дека во првата група, без “лажговци”, испитаниците имале подобро ментално и физичко здравје од другата група.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ