Оние кои сакаат внимание и малку нежност треба само да посегнат по своите паричници.
Жаклин Семјуел, преприемачка од Њујорк, покрена контраверзен бизнис и има за цел да профитира од луѓето на кои им е потребна прегратка. Семјуел своите услуги ги наплатува 60 долари, а клиенти прима во викендичката во близина на Њујорк.
– Двајцата облекуваме пижами и се сместуваме во кревет, потоа лежиме еден покрај друг и се милуваме, рече Семјуел.
Старосната возраст на клиентите е меѓу 21 и 84 години, а меѓу нив се и мажи и жени. Семјуел тврди дека работата и оди добро, најмила уште еден вработен кој нема ништо против да разменува нежност со непознати.
Семјуел тврди дека нејзините услуги им помагаат на клиентите да се опуштат, што го потврдуваат и експертите. Поточно, физичкиот допир го намалува крвниот притисок, стресот и ги смирува хормоните.
– Физичкиот допир го зголемува имуниот систем и неговата способност да се бори со инфекции и воспаленијата, рече лекарката Асма Садик од изралскиот медицински ценатар во Њујорк.
Некои тврдат дека нејзиниот бизнис е сличен на проституција, а Семјуел тврди дека постојат правила кои ограничуваат одреден вид на контакт.
– Имам јасни правила за тоа каде е дозволено, а каде не е дозволено допирање, рече Семјуел и додаде, дека и покрај критиките ќе продолжи да ја работи работа затоа што е забавна, заработува и позитивно влијае на други.