Кучето на Џо Бајден повторно гризна човек

Од:

Германскиот овчар Мејџор, инаку сопственост на американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил, повторно касна човек, потврди Мајкл Лароса – гласноговорник на г-ѓа Бајден.

Немилиот настан се случил на јужниот тревник на Белата куќа во понеделникот вечерта, при што бил повреден вработен во Националниот парк. – Да, Мејџор гризна човек и тој беше прегледан од Медицинската служба во Белата куќа. Жртвата не е сериозно повредена и се врати на работа, изјави Лароса.

Според него, кучето на претседателскиот пар „сè уште се навикнува на новата средина“. Претседателот на Соединетите држави и неговата сопруга имаат две овчарски кучиња – Чемп, кое има 13 години и тригодишното Мејџор.

Двете кучиња влегоа во Белата куќа неколку дена откако Бајден ја презеде функцијата претседател во јануари. На почетокот на март, откако Мејџор нападна еден од чуварите на Белата куќа, кучињата беа испратени во семејната куќа на претседателскиот пар во Делавер. Во Вашингтон се вратија пред една седмица.

Како што потврди и гласноговорничката на Белата куќа, Џен Псаки, медицинскиот персонал во претседателската резиденција му помагал на повредениот чувар и тој не е сериозно повреден.

Би можело да ве интересира

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва

Бајден потврди дека му оставил писмо на Трамп

(ВИДЕО) Доналд и Меланија Трамп пристигнаа во Белата куќа

Бајден го објави последното селфи од Белата куќа

Горан Наумовски