Кубанската румба и белгиското пиво на листата на УНЕСКО

Од:

Кубанскиот танц румба и белгиското пиво во средата беа поместени на листата на нематеријалното наследство под заштита на УНЕСКО на состанокот во Адис Абеба.

Румбата евоцира „грациозност, сензуалност и радост“, додека „производството и уживањето во пивото е дел од живото наследство ширум Белгија“, соопшти УНЕСКО.

Белгија произведува околу 1.500 видови пиво, додека на Куба румбата, која поттекнува од сиромашни заедници е танц кој претставува „траен израз на отпор и самопочитување“, се наведува во образложението на УНЕСКО.

Кубанската делегација на состанокот во главниот град на Етиопија ја посвети одлуката за поместувањето на румбата на листата на УНЕСКО на починатиот лидер Фидел Кастро.

Листата на нематеријални културни богатства е создадена пред десет години за да се сврти вниманието на нив, а УНЕСКО понекогаш исто така нуди финансиска и техничка помош за нивна заштита.

УНЕСКО во средата на листата ја помести и традионалната музика на Уганда, која изумира поради тоа дека за изработка на инструментите се потребни материјали, кои се добиваат од загрозени видови дрва, прогласувајќи ја за „нематеријално наследство, на кое итно му е потребна заштита.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум