„Ксенофобија“ е збор на годината

Од:

Интернет речникот „Дикшнери.ком“ како збор на годината го избра „ксенофобија“. 

Брегзит, политичкото насилство, бегалската криза, правата на транссексуалците во САД и американата претседателска кампања, се некои од настаните кои придонесоа корисниците се почесто да го пребаруваат тој збор. 

Страницата „ксенофобија“ го дефинира како „страв или омраза кон странци и луѓе од различни култури“, а во план е значењето на зборот да се прошири и на страв од недопаѓање „обичаи, облека и култура чие потекло е поразлично од нашето“. 

Зборот потекнува од грчкиот термин „хенос“ што значи странец или гостин и зборот „пробос“ кој означува страв или паника. 

Како што се наведува, корисниците најмногу го пребарувале зборот „ксенофобија“ на денот кога Велика Британија гласала за излез од ЕУ.

Пребарувањето на „ксенофобија“ пораснало за 938 отсто во периодот меѓу 22 и 24 јуни, а голем пораст е забележан на 29 јуни кога претседателот во заминување на САД Барак ОБама истакна дека кампањата на републиканецот Донад Трамп не е мерило „на популизам, туку на нативизам и ксенофобија“.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум