Криза за путер во Европа

Од:

Недостигот на путер во Европа, станува сѐ поголем и поголем проблем, делумно поради големиот пораст на цената на таа намирница, а делумно и поради тоа што со себе повлекува и зголемување на цените и на некои други производи.

Големиот пад на производството на млеко во Европа се одрази во недостигот на путер, а тоа особено се почувствува во Франција каде што тој се користи во големи количества за производство на пекарски производи.

Некои продавници во Франција поради овој проблем, мораа на своите излози да стават известување со кое ги информираат потрошувачите дека повеќе не продаваат одредени пекарски производи поради недостиг на путер.

Во Франција оваа година цената на путерот се зголеми дури за 60 отсто, покажуваат официјалните податоци, а тоа уште повеќе ќе се почувствува во пред Божик кога би можело да дојде до недостиг на колачи и други производи.

Големопродажната цена е зголемена за 200 проценти за една година. А до кризата дојде поради руското ембарго од пред неколку години, по што следеше укинување на млечните квоти, па така млеко имаше на сите страни. Многу фармери пропаднаа, а потоа и Кинезите ги земаа резервите.

Француската Влада се обидува да ја смири напнатоста и уверува дека нема недостиг, туку се работи за прилагодување на пазарот.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Европските сили ветија безбедносни гаранции за Украина пред враќањето на Трамп на власт

Горан Наумовски