Кристина Пизкова од Чешка е новата Мис на светот

Од:

Мис на Чешка стана и Мис на светот за време на изборот во Индија. Таа се издвои помеѓу 111 други мисици кои ги претставуваа своите земји на овој избор.

Преку различни активности како фитнес, убавина, талент, јавно зборување и други, таа се пласираше во топ 40 мисици.

Понатаму, патот до топ 12, потоа топ 8 и на крај топ 4 беше навистина лесен за преубавата Пизкова, 23-годишна студентка на право и секако, модел. Таа гласно зборуваше за стигмата и срамот со кои девојките се соочуваат за време на менструалниот циклус и дека никој од тоа не смее да прави табу-тема.

Изборот за Мис на светот започна во 1951 година како бикини натпревар, а потоа се разви во огромна манифестација. Пизкова ја замени досегашната Мис на светот, Каролина Бјелавска, која „владееше“ две години, бидејќи победи во 2022, а во 2023 не се одржа овој избор.

Би можело да ве интересира

Мис Украина со тужба против натпреварoт „Мис на светот“ поради дискриминација

Татјана Ташкова