Кремпита готова за 30 минути

Од:

Навистина многу вкусен кремаст колач кој брзо ќе го подготвите …

Потребно е:

1,3 л млеко
250 гр путер
6 лажици брашно
6 јајца
18 лажици шеќер
2 кесички пудинг од ванила
250 мл слатка павлака за шлаг
2 готови кори за кремпити
Подготовка:
– Одвоите ги белките од жолчките и белките изматете ги во густ шлаг.
– Половина од млекото сипете го во еден сад и додадете ги жолчките, шеќерот, брашното и пудингот. Убаво изматете додека не добиете хомогена смеса без грутки.
– Втората половина од млекото ставете ја во тенџере на рингла. Додадете го путерот. Загревајте го млекото додека не почне да врие. Внимавајте путерот треба потполно да се растопи. Тргнете го тенџерето од рингла.
– Помешајте ги двете смеси и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
– На крај додадете ги изматените белки и со миксер со најмала брзина изматете додека не се поврзат сите состојки.
– Првата кора ставете ја во длабока тава и одозгора прелијте ја добиената смеса и израмнете со лажица.
– Изматете го шлагот и рамномерно нанесете го над смесата во тавата. Потоа прекријте го со втората кора.
– Оваа брза кремпита убаво изладете ја во фрижидер пред да ја послужите.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ