Кремаста торта со малини

Од:

Фина, лесна летна торта со малини …

Потребно е:

за кората:

9 белки
18 лажици шеќер
1 лажица разблажен оцет
1 полна лажица брашно

за филот од малини:

250 мл вода + 150 мл за да го разматите пудингот
400 гр шеќер
1/2 кг свежи или замрзнати малини
3 пудинга од малина

за жолтиот фил:

1/2 л млеко
9 жолчки
9 лажици брашно
9 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1 маргарин

за ганаш кремот:

200 мл слатка павлака
200 гр чоколадо за готвење
и уште:
300 мл слатка павлака

Подготовка:

– Белките изматете ги во густ шлаг со постепено додавање на шеќерот. Додадете 1 лажица разблажен оцет и кратко изматете. На крај додадете и 1 лажица брашно и измешајте со дрвена лажица.

– Калап за торта со дијаметар од 26 см обложерте го со хартија за печење. Сипете го изматениот шлаг и рамномерно распоредете го.

 
– Ставете да се пече во загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 60 минути.
– Додека се пече кората преминете на подготовка на филот од малини. Во еден сад на рингла ставете ги водата и шеќерот и оставете да провријат. Варете ги 3-4 минути.
– Во тоа додадете 1/2 кг малини и варете уште 5 минути.
– За тоа време разматете го прашокот за пудинг со 150 мл вода и додадете го кај малините. Кратко варете го со постојано мешање додека да се свари пудингот.
– Извадете ја кората од калапот и ставете ја на чинија за сервирање. Ставете го обрачот на калапот на кората.

– Уште врелиот фил од малини рамномерно распоредете го на кората. оставете да се лади додека го подготвувате жолтиот фил.

– Ставете го млекото да се вари. Изматете ги жолчките со шеќерот и додадете ги ванилиниот шеќер и брашното. Оваа смеса сипете ја во млекото и варете со постојано мешање додека да се згусне. Оставете да се излади и од време на време измешајте го со лажица за да не се фати коричка на површината. Додадете го и маргаринот и убаво измешајте додека да се растопи.
– Готовиот жолт фил рамномерно премачкајте го над филот со малини.

– Сега преминете на подготовка на ганаш кремот. Во сад на рингла загрејте ја слатката павлака, додадете го чоколадото искршено на парчиња и мешајте додека да се истопи чоколадото и да добиете хомогена смеса. Тргнете го садот на страна и оставете да се излади кремот околу 5 минути. Потоа распоредете го над жолтиот фил.

– Слатката павлака изматете ја во густ шлаг и премачкајте ја целата торта или украсете ја со шлагот по желба. Можете одозгора да изрендате чоколадо и да украсите и со цели малини.
– Убаво изладете ја во фрижидер пред да ја послужите.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски