Кралот на племето Зулу во болница, има сомнеж дека е отруен

Од:

Кралот на племето Зулу бил итно пренесен во болница поради сомневање дека е отруен. Мисузулу Казвелитини (48) на тронот е помалку од една година.

Блиските на кралот рекоа дека неговиот советник ненадејно починал. Малку подоцна, на кралот му се слошило.

Казвелитини одби лекување во Јужна Африка. Тој сега се наоѓа во Свазиленд.

Кралот на племето Зулу нема формална политичка моќ и неговата улога е повеќе церемонијална. Но, во јужноафриканското општество тој останува исклучително влијателна личност. Неговите роднини на суд го оспоруваат неговото искачување на тронот. Тие тврдат дека тој не е вистинскиот наследник на неговиот татко.

Би можело да ве интересира

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Почина поранешниот грчки крал Константин Втори

Горан Наумовски

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос ја напушта земјата по обвинувањата за корупција

Жарко Настоски