Убаво лакирани нокти се украс на секоја жена. За жал, лакот за нокти брзо знае да испука или да се избрише. Еве како лакот што подолго да ви потрае на рацете: Пред нанесување на лак секогаш треба да ги исчистите ноктите со ацетон, дури и ако не ви се налакирани. Имено, ноктите имаат своја природна маснотија која ги штити, а таа маснотија го скусува векот на траење на лакот, па добро е да се отстрани пред лакирање.
Лакот за нокти подолго ќе трае ако прво нанесете основен слој, кој притоа и ги штити вашите нокти. Со оглед на тоа дека топлата вода не одговара на свежо налакирани нокти, нанесте лак по туширање, ако сакате тој подолго да остане сјаен и неоштетен.
Студеното пак го згуснува лакот, додека топлината го прави поредок. Затоа лакирајте ги ноктите што подалеку од радијатор. Лакот подобро ќе се фиксира за ноктот ако го нанесете на студено место.
Добро е пред користење, лакот да го ставите во фрижидер на еден час бидејќи така полесно и поуредно ќе го нанесете.