Концертот на Роби Вилијамс од Талин во живо во Cineplexx

Од:

Во вторник на 20 август во киното Cineplexx во Скопје во живо ќе биде пренесуван концертот од Талин на британскиот мегапопуларен пејач Роби Вилијамс. Овој концерт во живо ќе биде прикажан во уште 27 други земји, а во уште 18 земји со снимка подоцна во септември.


Tурнејата „Take the Crown“ Роби Вилијамс  ја започна кратко по издавањето на својот најнов албум во октомври 2012 година. Синоќа тој одржа концерт во Загреб, а турнејата ја започна со настап во Даблин каде присуствуваа 65.000 луѓе.


Најголемите хитови на Вилијамс во рамките на турнејата „Take the Crown“ беа изведени пред повеќе од милион и 500 илјади фанови од цела Европа.


Роби Вилијамс е добитник на 17 Брит награди, прогласен е за најпродаваниот соло изведувач во Британија и, според светските музички критичари, е крал на живите настапи и неповторлив шоумен.


Фановите од Македонија кои немаа можност да присуствуваат на еден од неговите концерти ќе можат да го проследат во живо концертот од Талин со почеток во 19:40 часот во климатизираните сали на Cineplexx. Концертот ќе биде пренесуван во живо, со висока резолуција и со одличен сараунд звук. Билетите чинат 600 денари и веќе се пуштени во продажба.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ