Ако сте љубител на авокадо и чоколади и секогаш сте замислувале дека овие две намирници во комбинација би биле фантастично слатки, тогаш за вас стигнуваат добри вести.
Компанијата Compartes од Лос Анџелес направи авокадо чоколадо. Чоколадите инаку се голем хит на интернет и се достапни во разни геометриски форми и вкусови, а компанијата минатата година предизвика големо внимание меѓу љубителите на чоколадо правејќи чоколадо со вкус на роза. Меѓутоа, сега отидоа чекор понатаму и направија чоколадо од авокадо кое се продава за 10 долари.
Чоколадото целосно е направено од кремаста бела чоколада и свежо авокадо од Калифорнија. Компанијата тврди дека состојките се органски произведени.
Познато е дека авокадото е многу корисно за подобра функција на мозокот и ниско ниво на холестерол.