Ако сте Фејсбук корисник и исторемено сте фан на некој бренд, просечно на социјалната мрежа вредите 174 долари, утврдила маркетинг компанијата Синкапс.
Во однос на 2010, тоа е пораст за 28%. Истражувањето е спроведено на 2.000 корисници и во него се споредувале фановите на одреден бренд со не-фановите.
Просекот варира значително ако се анализира по брендови, па нормално, фанот на Зара троши повеќе кај таа компанија отколку фанот на Кока Кола троши за пијалаци.
75% од фановите се подготвени да го споделат меѓу пријателите доброто искуство со одреден бренд, како и да ги промовираат попустите. 60% ќе го споделат и негативното искуство.